Берни би ги исклучил тимовите од преговорите околу новите правила

Поранешниот Формула 1 супремо, Берни Еклстон, смета дека сите екипи од гридот треба да бидат исклучени од преговорите за иднината на спортот и правилата кои би требало да стапат на сила од 2021 година.

Откако “Господин Е“ го предаде спортот во рацете на американците од Либери Медиа, нивна главна цел е да создадат конкурентно првенство и возбудлив спорт кој ќе ја зголеми популарноста.

Последниот рок за финализирање на новите правила е Октомвро годинава, а Берни предложи свој уникатен план.

прво, не би сакал да разговарам и преговарам со никоја од екипите. тоа е како да имате комитет, а нема потреба такви одлуки да се носат на таков начин.

јас би го поделил првенството на два шампионати, еден за конструктори, а друг за тимови, додека првенството за возачи не би го менувал воопшто.

конструкторското првенство би било за екипите кои сами го произведуваат моторот и шасијата, тимови како ферари или мерцедес.

за тимското првенство некој друг би направил шасија, како софистицирана формула 2 шасија. ако хонда не сака да биде во формула 1 или ако рено одлучи да не биде конструктор. би направил одлична зделка за да ја снабдам шасијата до сите, а моторот би бил сличен на денешните. но, еден мотор да трае цела сезона со само еден резервен ако првичниот окаже.

на тој начин, ако сакате своја формула 1 екипа, ете ви шанса, ќе ви дадам цел болид, мотор и еден резервен. исто така би ви дал и 30 милиони долари годиншно за да се заборават сите глупости околу ограничување на трошењето. ќе имате 30 милиони долари за почеток, треба да направите најдобро што можете со тие пари и секако да си најдете и нови спонзори – ја објасни својата идеја берни.

Во понатамошниот дел од интервјуто, Еклстон посака враќање на долевањето гориво како и различни компоненти за екипите.

формула 1 повторно го има вниманието од луѓето. ако четворица другари одат на трка, треба да имаме ситуација во која секој од нив ќе мисли дека различен возач ќе победи.

денеска е се во врска со ферари и мерцедес и нивната борба на врвот, но другите екипи немаат шанса да направат ништо, се борат за 5то место согласно својот буџет.

се е отворено и се треба да се реши, но на крајот на денот да се има забава која е исплатлива и може да се приушти е подобро одошто многу скапа технологија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ