? Бруно Сена и Мартин Брандл го пробаа МП4/4 на Аиртон

Во чест на својот вујко, бразилската и светска Формула 1 легенда, Аиртон Сена, Бруно Сена на Интерлагос во Сао Паоло доби можност да го провози Мекларен МП4/4 болидот од 1988 година.

36-годишниот возач кој во Формула 1 се тркаше за пропаднатиот ХРТ. Лотус кои се претходници на Рено и годинава очајниот Вилијамс и тоа од 2010 година до 2012 година, го провозе болидот придвижуван од мотор на Хонда кој беше шампионски таа 1988 година. Бруно на кусо застана да го земе бразилскот ознаме емитирајќи го гестот по кој неговиот вујко беше познат.

Можност да го провози легендарниот болид доби и поранешниот Формула 1 возач, сегашен стручен коментатор на Скај, Мартин Брандл, кој откри дека тоа било искуство за кое нема зборови.

возев наоколу по интерлагос со мекларен мп4/4 од 1988 година, шасија број 2 со која победуваа и сена и прост. истиот болид со кој аиртон ја освои својата прва титула, каква привилегија и чест, немам зборови.

не можам да поведувам дека го возев ова ремек дело и часови потоа. ова е мојот 54ти различен формула 1 болид кој сум го возел, но многу долго сакав и чекав да добијам можност – напиша брандл на твитер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ