Рикардо сака да го подобри Рено догодина

Даниел Рикардо има за цел да биде повеќе присутен во Рено надвор од патеката со цел да го обедини и подобри тимот следната тркачка сезона.

Австралијанецот замина од Ред Бул на крајот на минатата година и прејде во фабричката екипа на францускиот производител, но Рено паднаа од 4то на 5то место годинава зад Мекларен, кои патем се снабдуваат со мотори од нив.

Како дел од планот за напредок сезонава, Рикардо најави дека ќе биде повеќе со своите колеги надор од патеката и надвор од тркачкиот викенд.

за следната година имам некои идеи кои ќе ги спроведам. мислам дека добро се интегрирав и вклопив во тимот годинава, но ако анализирам, знам дека можам да направам и повеќе.

сакам да бидам повеќе присутен во тимот пред почетокот на сезоната, пред тестирањето, но во исто време имам и идеи како да го сплотам тимот пред да почнат трките, не технички туку и пријателски. сакам да стигнеме во барселона со добро чувство дека ни претстои одлична сезона.

ќе направам работи кои ќе го подобрат моралот на екипата како тим билдинг и слични активности. најважно е да минувам повее време со тимот надвор од патеката.

за време на трките понекогаш единствено што кажувам со сирил абитебул е едно обично “здраво“ затоа што премногу сме зафатени и едноставно нема време. мислам дека за да го подигнеме односот во тимот на ново ниво треба да се дружиме надвор од патеката. ако момците подобро се познаваат помеѓу себе ќе работат понапорно и добри работи ќе ни се случуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ