Астон Мартин не отстапуваат од Ф1

И покрај тоа што предупредија дека немат доволно пари за обртни средства за д е задоволат нарачките за следните 12 месеци, Астон Мартин ќе продолжат да работат посветено кон својата цел, а тоа е враќање во Формула 1 како фабричка екипа преку Рејсинг Поинт следната сезона.

Неделава британците потврдија дека од 20 Април, најголемиот инвеститор, Лоренс Строл, ќе ја превземе функцијата на Извршен претседател откако на почетокот на годинава направи голема инвестиција во производителот на луксузни спортски автомобили.

Првично беше најавено дека Строл со своја група инвеститори ќе превземе 20% од компанијата, но поради кризата предизвикана од пандемијата со корона вирус, неговиот удел стана поголем, но и парите кои ги вложи во компанијата. Со издавањето на финансиски инструменти Астон Мартин собраа вкупно 536 милиони фунти, најголем дел од Строл, кој ќе стави на располагање уште 150 милиони фунти во вид на заеми.

Со овие пари компанијата ќе може да продолжи со најавениот развој и производтство на DBX теренското возило во својата фабрика во Сент Атан штом законот ќе дозволи отворање на фабриките по 20 Април. Сепак, тие предупредуваат дека немаат многу светла иднина пред себе.

ако се земат во предвид средствата од прибирање на капиталот, компанијата смета дека нема доволно обртни средства за да ги задоволни барањата следните 12 месеци. ова е поради зголемените проблеми кои ќе ги предизвика пандемијата со ковид-19 како и неизвесноста која истата ја создава сама по себе- објавија од астон.

Лоренс не откри на кој начин компанијата ќе биде вклучена во Формула 1 освен дека својот Рејсин Поинт ќе биде ребрендиран во Астон Мартин, а двете компании ќе си делат се што може од својот обем на работа.

јас и мојата група инвеститори веруваме во иднината на астон мартин лагонда. тоа е најјасно прикажано со инвестицијата од 262 милиони фунти која ја прави финансиската состојба на компанијатамногу здрава. имавме успешно собирање на капитал од 536 милиони фунти во многу предивикувачко и тешко време за мене и мојот конзорциум.

тоа ќе ни даде неопходна стабилност да го ресетираме бизнисот на долгорочна иднина. имаме јасен план како ќе го направиме тоа вклучително и влез на астон мартин во формула 1 како фабричка екипа следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ