Ди Монтеѕемоло негира дека сака да ја превземе ФИА

Поранешниот Претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, ги негираше шпекулациите дека има намера да стане следниот претседател на Интернационалната Автомобилистичка Федерација – ФИА.

Иако некои медиуми велат дека Жан Тод ќе го продолжи својот мандат и ќе продолжи да ја предводи ФИА подолго поради пандемијата, поранешниот прв човек на Ферари беше поврзуван со тоа работно место.

ја прочитав таа хипотеза.претседателствувањето со фиа не е во мојата листа на намери и можности за во иднина – изјави лука ди монтеѕемоло за италијански Formula Passion.

Во исто време, освен Лука, како можни наследници на Тод се споменуваа и бртианецот Дејвид Ричардс и Формула Е шефот, Алехандро Агаг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ