Крај на бесплатната Ф1 во Шпанија

Судејќи по изјавите на дневниот El Mundo Deportivo, времето на бесплатно гледање Формула 1 во Шпанија е завршено. Весникот пренесува дека трките од шампионатот во 2016 година ќе може да бидат следени само преку претплата на Movistar.

Проблемите започнаа уште во 2008 година кога земската телевисиска станица Telecinco одлучи да престане со емитување на Формула 1 по падот на гледаноста која следуваше со падот во резултатите на Фернандо Алонсо по неговите две освоени титули (2005 и 2006 година). ТВ правата потоа беа превземени од каналот La Sexta, а последен бесплатен пренесувач на спортот на тлото на Шпанија беше Antena 3.

Antena 3 не се единствените кои не го продолжиле договорот со ФОМ, истото го сторила и регионалната Каталонска телевизија TV3, кои го пренесувале спортот цели 19 сезони во низа.

Инаку Movistar e Интернет телевизија на најголемиот шпански телефонски оператор Telefonica.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ