Де Врис охрабрен од Барселона

По тешкиот старт на оваа сезона, Ник де Врис имаше силен викенд во Шпанија.

Со зголемувањето на шпекулациите околу неговата иднина, тој доби жолт картон од Хелмут Марко по разорачувачките резултати.

Но тој прво беше пофален во Монако од Марко и сега имаше силен викенд во Барселона иако заврши надвор од поени.

Во првиот круг загубив доста. Имав добар старт но имаше многу гужва што ме чинеше доста позиции. Бев на погрешно место во погрешно време. Подоцна се најдов во ДРС воз и таму заглавив. Се обидовме со андеркат на Магнусен бидејќи не можев да го стигнам. Беа брзи на правците. Беше фрустрирачки што загубив толку позиции. На медиум бев добар и имав добар последен стинт.

Дали пропушти први поени оваа сезона, тој објасни.

Секој викенд е шанса и доколку не освојам поени тоа е изгубена шанса. Но мислам дека последните два викенда беа охрабрувачки. Очигледно одиме на различни патеки и Канада ќе биде различна но ќе се обидам да го повторам истото. Многу работи можеа да бидат подобри. Во саботата бевме подобри но тоа е тркањето, мора да си константен за да бидеш конкурентен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ