📷 Мекларен ја промени шарата за да ја поддржи борбата за еднаквост

Формула 1 тимот на Мекларен промени дел од шарата на својот МЦЛ35 болид пред претсојното Австриско Гранд При како дел од иницијативата на спортот за борба против пандемијата и нееднаквостите во светот.

Минатата недела, штом спортот откри дека ќе има нова иницијатива, Мекалрен ја подржаа #WeRaceAsOne која има за цел да собере пари за добротворни организации низ светот кои се борат против пандемијата и поддршка на оние кои се во првите борбени редови.

Пред претсојниот тркачки викенд Мекларен ги подеси своите шари за да ја промовира иницијативата, но и да даде анти-расистичка порака преку болидите на Карлос Саинз и Ландо Норис.

Дополнително на првично откриеното виножито на хало системот за заштита на главата на возачот, истото е присутно и на страничните крила на болидот, а халото ќе има и End Racism порака испишана на него.

Тимот најави и асортиман на посебни производи од чија продажба средствата ќе бидат наменети за иницијативата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ