Ралф Шумахер: Астон Мартин ќе му одговара на Фетел

Ралф Шумахер смета дека Себастијан Фетел ќе се врати со полна сила откако ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната и ќе мине во Рејсинг Поинт, кои следната година ќе бидт фабрички Астон Мартин тим.

Шумахер смета дека комбинацијата Ферари и Фетел не функционира повеќе.

Сите подобрувања и планирани подобрувања се базирани на слабостите на Леклер. ТОј е нивниот човек за иднината, а Тоа е голем проблем за Себ бидејќи му треба различен болид. Тоа што му помага на Шарл не му помага на Себ, Затоа има толкава разлика на квалификациите.

Убеден сум дека Себ ќе се врати силно во Астон Мартин. Има повеќе причини за тоа, Болидот повеќе ќе му одговара. Во однос на перформанси, ќе биде подобар од Ферари бидејќи балансот ќе му одговара.

Ралф смета дека и атмосферата во тимот на Астон Мартин ќе бдие подобра и повеќе ќе му годи на четирикратниот шампион.

Тие сакаат да е тој таму. Инвестираат многу во мал и компактен тим со потенцијал и подршка од Мерцедес. ТОј ќе има чувство дека е важен споредено со Ред Бул од минатото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ