Формула Е треба “да ја рани“ Формула 1

Иан Џејмс, шефот на фабричкиот Мерцедес Формула Е тим, смета дека електричната тркачка серија се ближи до моментот кога ќе има возачи и инженери подготвени за трансфер во најсилната тркачка серија. 

Шест од моменталните 24 возачи на Формула Е гридот имаат барем една Гранд При трка во кариерата зад себе, тоа се Лукас ди Граси (18), Жан Ерик Верн (58), Стофел Вандорн (41), Себастиен Буеми (55), Паскал Верлејн (39), Андре Лотерер (1). Во Формула Е возеше и Формула 1 првакот Жак Вилнев и 13-кратниот победник на трки, Фелипе Маса, но во последно време во електричната серија не се бираат поранешни Ф1 возачи, туку се бараат возачи од младинските категории или од трките со спортски автомобили.

Џејмс смета дека по седум шанси како ФИА шампионат, Формула Е е доволно добра за возачите и персоналот да може да преминуваат во Формула 1.

мислам дека формула е како тркачка серија доаѓа до моментот каде ќе бидеме сведоци на трансфери со формула 1 во двете насоки и не мислам само од возачка гледна точка туку и од гледна точка на симски персонал, инженери, механичари и менџмент.

гледам можност секоја година луѓе да минуваат од една во друга серија и мислам дека тоа е многу реално. веќе седум години имаме статус на светско првенство и сметам дека сме заслужиле.

Мерцедес се на прагот на својата втора сезона со фабричка екипа, но веќе имаат Формула 1 персонал во своите редови поради тоа што Стофел Вандорн, возачот со Гранд При искуство го предводи тимот. Исто така, екипата е сместена на исто место како и Ф1 тимот, моторот е од Бриксворт, а останатиот дел од Бракли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ