Вилијамс разочарани од лошата трка

Главниот и одговорен за перформансите во Вилијамс, Дејв Робсон, прокоментира дека имале очајно лоша трка на Имола со оглед на перформансите кои им биле достојни за да освојат поени.

По задоволителни квалификации во кои Расел и Латифи стигнаа до средниот квалификациски сегмент, екипата беше оптимистички расположена за трка и се надеваше дека ќе ги искористат можностите кои ќе им се укажат.

Сепак, уште во првиот круг Николас заврши во ограда по контактот со Мазепин, додека Расел возеше половина трка и се бореше за поени пред силниот судар кој го имаше со Валтери Ботас во борба за 9то место.

навистина мислевме дека ќе дојеме до добри поени на оваа трка. условите на стартот очигледно не беа идеални, но ние донесовме одлични одлуки со цел да искористиме од дождот. но, завршивме со празни раце и не може да не бидеме фрустрирани – изјави робсон.

Сепак, инженерот сака да се фокусира на одличните перформанси на тимот по легендарниот автодром наместо на многу лошиот резултат.

двајцата возачи беа одлични од самиот почеток, ники беше брз во петок, а квалификациите ни беа одлични. јасно е дека тсунода направи грешка што беше подарок за нас, но се најдовме самите во можност да го искористиме подарокот.

позитивно во болидот беше што ритамот беше добар, барем сударот на џорџ дојде како резултат од напад за позиција со мерцедес, нешто за што подолго време само сонувавме.

Во врска со сударот на Латифи, Робсон смета дека условите кои владееле на патеката придонеле во тоа.

условите дефинитивно беа многу тешки и беше чудно што на патеката имаше толку многу вода на некои кривини, така што сиот асфалт не беше исто мокар. лоша проценка од негова страна доведе до извртување, а кога сакаше да се приклучи на патеката, не виде дека мазепин е последен и не го поминал. штета.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ