Вилијамс го сакаат извонредниот Шумахер

Шефот на Вилијамс, германецот Јост Капито, се восхитува на Мик Шумахер и изјави дека би сакал тој да вози еден ден за нивниот тим. 

Шумахер се покажа како одличен оваа сезона со Хаас и иако е на крајот на гридот, сепак покажа дека знае да се бори. Тој е доста подобар од неговиот колега Никита Мазепин на квалификациите и на трката што е доста важно. 

Хаас и Вилијамс ги потврдија своите возачи, американците остануваат со истите, додека Алекс Албон доаѓа покрај Николас Латифи. 

Мик врши одлична работа. Ова е прва година за него во Формула 1 и одлично се справи со предизвикот. Тој е возач на кој треба да се внимава бидејќи заслужува да победува еден ден. Сигурен сум дека тоа ќе се случи. Доколку е со Вилијамс, уште подобро – посака капито.

Инженерот на Шумахер во Хаас, Коматсу, е импреисониран од пристапот на гермнаецот. 

ТОј работи многу напорно. Независно каков викенд има, многу е самокритичен и Ужива да се поправа. Знае да си каже каде погрешил и што треба да се поправи.

Тој работи напорно со инженерите и тоа ги мотивира и нив. Понекогаш седнуваме веднаш по трка и разговараме. Тој работи непосредно со инженерите за се што ќе се случува во текот на викендот независно дали е позитивно или негативно. Секогаш сака да напредува. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ