Шумахер: Стартовите во Ф1 се најтешки

Мик Шумахер смета дека стартот на Формула 1 трката е најтежок сегмент од Гранд При викендот и му требало најголемо прилагодување минатата сезона.

Германецот дојде во Хаас како дебитант лани и се тркаше на опашката од поредокот во најголем дел од сезоната откако американската екипа реши да не работи на ланскиот болид и да се насочи на овогодинешниот. Поради тоа, Мик не освои поени на 22 одработена трка и заврши на 19то место во поредокот.

Во своето инвтервју за германски Auto Motor und Sport, тој посочи дека недостатокот на потисна сила на почетокот од трките му било најголем проблем.

веројатно дека стартот на трката ми беше најтежок за учење и прилагодување. болидот е многу нестабилен тогаш, а во монте карло ја губите речиси целата потисна сила, може да замислите што тоа значи за дебитант што вози со полна гас на тренинзите, а на стартот буквално не може да свртите.

мора да го искусите тоа за да научите и да се прилагодите. само така ќе знаете што да направите следниот пат – посочи шумахер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ