Поранешниот четирикратен шампион во Формула 1 и до скоро консултант во Алпин, Алан Прост, размислувал да се кандидира за претседател на ФИА.
Да ви кажам една тајна, сакав да се кандидирам за претседател на ФИА – откри професорот.
Но, наместо тоа, Прост го напушта падокот по конфликтот со Лорен Роси, Главниот извршен директор на Алпин.
Во Формула 1 бев речиси 40 години на повеќе позиции, како возач и шеф на тим и во бордот на различни екипи.
Претседател на ФИА е нешто што сакав, но не толку многу. Среќен сум да работам со луѓе што уживаат.