Хакинен со совет до Леклер по сударот во Франција

Мика Хакинен го понуди своето видување за инцидентот на Шарл Леклер на Пол Рикар и понуди совет што возачот на Ферари да направи во иднина.

Финецот е свесен дека Леклер има огромен талент и дека мора да се фокусира на позитивните страни во иднина по сударот на Француското Гранд При. Моначанецот овдеше на Пол Рикар, ги одби успешно сите напади на Макс Верстапен кој влезе по ови гуми, а Леклер сам во водство, не притискан од никого, излета во оградата и не освои поени.

По трката, тој превзеде цеосна одговорност и ја опиша трката како неприфатлива.

сит еправт грешки, но оваа беше јавна, ја видоа сите и го чинече многу. јас имам слично искуство од 1999 година кога излетав на италијанското гранд при што беше многу горко искуство за мене. знаете што сте направиле, буквално сте фрлиле победа и нема друг начин освен ад прифатите одговорност.

шарл е фантастичен возач, возеше совршено се до тој 18ти круг. беше притискан од макс, но неговото ферари беше многу брзо и успеа да го задржи ред бул зад себе. начинот на кој ред бул и ферари беа толку блиску едни до други беше брилијантен, но шарл заврши пред време.

потоа му беше лесно на макс, ја контролираше трката, ги менаџираше гумите и направи уште еден многу важен чекор во борбата за титула – напиша хакинен во својата колумна.

Потоа двократниот првак понуди утешителни и мудри зборови кон Шарл посочувајќи дека го има силниот колега Саинз на кој може да се потпре.

најважно за шарл е како ќе одговори на оваа грешка. како што кажа по трката, од грешите на имола и пол рикар загубил 32 поени и не смее тоа да го прави повеќе. дополнително, ферари имаа и техички и стратешки проблеми.

важно е шарл да сфати дека иам огромен талент и болид способен за победа, така што треба да се фокусира само на позитивните работи од секој викенд. мора да се концентриран на она што било добро од трката затоа што во овој спорт секогаш се учи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ