Гасли откри дека бил во болница поради потскокнувањето

Пјер Гасли откеи дека бил принуден да оди во болница по Азербејџанското Гранд При на почетокот на сезоната поради синото потскокнување кое болидот на АлфаТаури го имал викендот.

Потскокнувањето е главен проблем на екипите од почетокот на оваа тркачка сезона, а тимовите се мачат да најдат решение за феноменот создаден од земјениот ефект на кој се базира овогодинешната потисна сила. На почетокот на сезоната и на нерманите Џеда и Баку, истото беше најизразено, а како што одминуваа трките, екипите наоѓаа начини да го стават под контрола.

Плачењето на возачите на Мерцедес беше големо после тоа Азербејџанско Гранд При  затоа што актуелните конструкторски прваци губат најмногу перформанси поради истото, а ФИА најави компромис и подигнување за 15 милиметри на страничните делови на болидите наместо 25 милиметри колку што првично се бараше.

баку беше најлоша од сите патеки во однос на потскокнувањето, иако ние немавме претрано големи проблеи со истото претходно. болидот беше многу низок за да бидеме конкурентни, но патеката е многу нерамна и поради тоа имавме огромни проблеми.

навистина имав голем проблем со грбот тој викенд, морав да одам да се снимам на магнет за да проверам дека се е во ред со рбетот. дефинитивно проблемот произлезе од патеката – откри французинот.

Откако на средина од 2019 година беше вратен од Ред Бул во Торо Росо односно АлфаТаури, Пјер е еден од најсилните возачи на гридот, а лани дојде до подиуми во Бразил и Азебрјџан по неговата деби победа во Монца пред две години.

Годинава тој и колегата Јуки Тсунода се мачат со АТ03 болидот на тимот и Гасли има само 16 освоени поени, а споредено со лани во истиот период имаше дури 50. Пјер објасни дека на болидот повеќе му “лежат“ бавни патеки со оглед на недостатокот на ритам при средни и брзи кривини.

на бавни патеки како монако и баку сме подобри, азербејџан беше наш најдобар викенд и бевме 5ти заоа што на патеката буквално нема кривина која се минува со поголема од 4та брзина, сите се во 2ра и 3та брзина и тоа е совршено за нас. вториот сектор во монако исто така беше константно многу силен за нас.

се додека нема брзи кривини ние немаме проблем. имаме слаб преден дел и редовно имаме подуправување кај сите четири тркала, буквално лизгаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ