Хорнер: Преговори со Хонда се логичен избор

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, смета дека разговори со Хонда за продолжување на соработката во иднина со логичен чекор за Формула 1 екипата.

Со пропаѓањето на преговорите на Ред Бул со Порше согласно кои германскиот производител требаше да превземе 50% од Формула 1 екипата, доктор Хелмут Марко посочи дека ќе оди во Јапонија на состаноци во Хонда.

Јапонците официјално се повлекоа од спортот на крајот на минатата година откако претходно Ред Бул откри дека ќе формира сопствена дивизија за производство на мотори со интелектуалната сопственост на хонда.

кога хонда објави дека ќе замине од формула 1, решивме да се промениме и да правиме сопствен мотор. јасно е дека тоа носеше ризик, така што и партнерството со фантастична компанија како порше беше на маса, тоа ќе беше логично.

во исто време успеавме да привлечеме многу квалитетни инженери кои се силно квалификувани во создавањето на мотори, едни од најдобрите во спортот за нашата програма. направивме фабрика за 55 недели и веќе го имаме првиот в6 мотор со внатрешно согорување во делот за тестирање. истиот е целосно е развиен од нас и сметаме дека имаме знаење да сме целосно самостојни – смета хорнер.

Кристијан посочи дека целосна независност како што ја има само Ферари е сржта на она што Ред Бул го сака, така што соработка со Порше би ги кршела тие принципи.

порше можеби имаше смисла, но тие драстично ќе го променеше идентитетот и интегритетот на нашиот тим. во иднина ние ќе бидеме единствена екипа заедно со ферари која во една фабрика ги прави шасијата и моторите. тоа ќе биде ново и се надеваме многу успешно поглавје во нашата историја во формула 1.

Тој не отфрла ни сценарио во кое доктор Марко би започнал преговори со Хонда за соработка.

со новите правила за 2026 година се наоѓаме во целосно нова ситуација. хонда го оправда своето излегување од формула 1 со електрификацијата на своите автомобили, но со новите правила, моторите ќе бидат 50-50 во однос на моќта од моторот со внатрешно согорување и електричните мотори, така што сме во интересна ситуација.

логично е и ќе биде многу интересно да се дискутира новата стуација со хонда, но ништо не е итно, нема брзање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ