Стaинер демантира договор со Хулкенберг

Гунтер Стаинер, тимскиот шеф на Хаас, отфрла дека потпишале договор со Нико Хулкенберг за наредната сезона. 

Се зборува дека Пјер Гасли ќе премине во Алпин, додека Ник де Вриес веќе потпишал со АлфаТаури, а последното е дека Нико Хулкенберг ќе вози за Хаас. Стаинер признава дека веќе има листа на кандидати за наредната сезона. 

Нашата листа е за возачи кои имаат суперлиценца и секако дека Нико е еден од нив. Мик е на листата сеуште и мислам дека ќе ја донесеме најдобрата одлука кога ќе дојде време – откри италијанецот.

Тој посочи дека нема краен рок за одлуката за возач, а и Мик Шумахер нема новости поврзани со продолжување на договорот. 

Нема ништо ново, Но не ми прави проблем. Знам дека тимот знае што можам и што сакам да направам. Ги имаме податоците и фактите. Притисокот е секогаш кај мене и мојата кариера. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ