Америка: Победа на Макс во чест на Матешич за нова конструкторска титула за Ред Бул

Со својата 33та победа во Формула 1 кариерата, Макс Верстапен доје до 90ти триумф за Ред Бул и им донесе нова 5та конструкторска титула, 5ти двоен наслов, секако во чест на големиот мецена Дитрих Матешич кој почина вчера.

Луис Хамилтон водеше добар дел од трката и жестоко се бореше со Макс, но не успеа да го задржи Ред Бул болидот зад себе и мораше да се задоволи со 2ро место. Најниското место на подиумот му припадна на Шарл Леклер кој прв пат доаѓа до топ 3 пласман по старт полош од 7мо место.

Во пресрет на стартот, првите 12 возачи наместија медиум жолто маркирана компонента, тројца беа на најтврдите хард, а никој не се реши а ја почне трката на црвениот софт.

Луис Хамилтон во својот загревачки круг се жалеше дека сопирачките не работат исто на левиот и десниот дел од болидот, така што на гридот се вршеше промена кај него, секако под будното око на техничкиот делегат Џо Бауер.

Макс Верстапен тргна посилно од Карлос Саинз и беше прв на првата кривина, но Карлос одбра да мине широко за да има подобар следен свиок, но во тој негов обид се изврте откако беше убаво удрен од Џорџ Расел кој имаше своја трка со Луис Хамилтон и немаше никаква контрола над својот болид. Иако шпанецот продолжи, на крајот од првиот круг се паркираше во гаражата за негово 6то откажување сезонава, овој пат поради протекување на вода. За глупоста која го чинеше Карлос трка, Расел заработи ефтини 5 секунди казна.

На крајот од 3от круг, Леклер напредна три позиции и беше 9ти, а Чеко Перез напредна две места и беше 6ти.

Во 4от круг, Перез го мина Себастијан Фетел за 5то место, а круг подоцна Џорџ Расел го претекна Ленс Строл откако загуби позиција на стртот при контактот со Саинз. Следниот 6ти круг Леклер го претекна Ландо Норис и стигна до 7мо место откако рпетходно го мина и Пјер Гасли.

Во 12от круг, Леклер конечно, со корисење ДРС го мина Себастијан Фетел доашајќи на 5то место, со колегата на Себ, Ленс Строл пред него на нецели две секунди.

Луис Хамилтон влезе прв во бокс од водечките, го предаде своето 2ро место на патеката, промени на најтврдите хард и се врати на патеката на 7мо место. Круг подоцна по нови хард гуми влезе и Макс Вертапен, а во исто време нов сет хард зема и Расел, но тој се задржа 8,6 секунди поради казната која ја иаше. Актуелниот првак се врати на второ место откако Перез ја поведе трката, додека Расел излезе на 9та позиција.

Во 14от круг, Леклер го ммина Строл и дојде до 3то место, единствено двата Ред Бул болиди беа пред него. Истиот круг во бокс влезе и Чеко Перез и експресно се врати на патеката не менувајќи го оштетеното предно крило.

Во 18от круг излета Валтери Ботас губејќи го задниот дел од болидот поради ветерот и заглавувајќи во песокот. Тоа донесе безбедносно возило кое му помогна многу на Шарл Леклер кој влезе по “бесплатна“ промена на гуми монтирајќи хард. Безбедносното возило го искористи и Себастијан Фетел кој се возеше високо без променети гуми. Шарл се врати на птекатана 4то место зад два Ред Бул болиди и Мерцедесот на Луис.

Во исто време по нови гуми под безбедносно возило влегоа и двата болиди на Алпин и двата болиди на домашниот тим Хаас. Интересно, ова беше прво појавување на безбедносното возило во Остин од 2015 година.

Во 21от круг, безбедносното возило се повлече од патеката, поредокот во топ 5 остана ист, единствено Алонсо превзема позиција од Пјер Гасли.

Кругот број 22 беше опасен, силен судар на Фернандо Алонсо во ограда по контактот со Ленс Строл при борба за позиција. Нандо беше зад Ленс во борбата за позиција и сакаше да претекне од лево, но во тој момент Строл сакајќи да блокира се помести на таа лева страна. Фернандо полета по контактот со тркалото на Астон Мартин, но се врати во боксот по нови гуми и крило да продолжи, додека зелениот болид беше многу оштетен за да се врати во трка. Интересно, двајцата ќе бидат колеги догодина. Секако дека Бернд Мајландер, на оваа трка со Астон Мартин безбедносно возило се врати на патеката по само еден круг во гаража.

На крајот од 25от круг, нов рестарт откако безбедносното возило се повлече, но немаше големи возбудувања освен борбата за 10то место во Хаас каде Мик го мина К-Маг.

Во 29от круг, Леклер имаше обид да го мине Перез со користење ДРС на главниот правец, но претера и предоцна закочи, излетувајќи кај патеката и враќајки се зад мексиканецот. Но, моначанецот успеа д го превземе 3то место следниот круг во средниот сектор со користење ДРС иако Ред Бул се доста побрзи на правците викендов.

Во 31от круг, контролата на трка му даде 5 секунди казна на Пјер Гасли за прекршување на правилот оза возење зад безбедносно возило затоа што бил предалеку за време на вториот рестарт.

Во 35от круг, откако дојде под 2 секунди до Макс Верстапен, Мерцедес се решија за нов сет хард кај Хамилтон со желба да го намамат и холанѓанецот на промена. Седумкратниот првак се врати на патеката на 6то место, а Ред Бул експресно се штитеа и го викнаат Макс по свеж сет медиум, но предното лево тркало беше промашено и тој се задржа 11 секунди во бокс. Во исто време и Леклер влезе по нови медиум и излее пред Макс. Перез ја поведе трката со агресивниот Расел зад себе и Фетел на 3то место пред Луис, Шарл и Макс.

Следниот 37ми круг по свежи гуми влезе и второпласираниот Џорџ Расел и доби свеж сет хард, исто како и неговиот колега. Два круга подоцна, поточно во 39та обиколка, нов и свеж сет гуми доби Серхио Перез, а во истиот момент за позиција жестоко се бореа Макс и Шарл, само како што они знаат и како што многу пати гледавме од почетокот на сезоната.

Но, во следниот сектор Верстапен го мина Леклер за 3то место и го имаше Хамилтон на 4,5 секунди пред себе во ситуација во која Себатијан Фетел ја водеше трката.

На почетокот на 41от круг откако со ДРС го мина Астон Мартин на Себастијан Фетел на првата кривина, Хамилтон го превема водството на трката. Следниот круг Себ влезе во бокс, но механичарите се мачеа со предното лево тркало и тој се врати на патеката со стариот сет гуми во позиција во која можеа да освојат многу поени.

Во 50от круг Макс конечно стигна до Луис и го нападна со ДРС на првата кривина, минувајќи го и враќајки си го водството кое го загуби со несмасната промена на гуми од страна на своите механичари.

На два круга пред крајот на трката, Џорџ Расел влезе по свежи софт со цел да постави најбрз круг и да го дополни својот пласман со уште еден поен. Последниот круг беше рекордниот за Џорџ кој дојде до целта.

Во последниот круг од траката, Алпин и Мекларен си директен дуел, Ландо Норис го мина Фернандо Алонсо за 6то место. Пеколен дуел до финиш лнијата имаа Фетел и Магнусен на кој победи четирикратниот првак од Астон МАртин.

Макс Верстапен втора година по ред победи на Американското Гранд При, овој пат пред сеудмкратниот шампион Хамилтон и најголемиот ривал сезонава, Леклер. Серхио Перез заврши на 4то место откако беше назаден 5 позиции на стртот поради промена на мотор, додека Џорџ Расел заврши како 5ти по казна од 5 секунди и освоен најбрз круг.

Ландо Норис со претекнување во последниот круг дојде до 6то место кое го превзема од Фернандо Алонсо. До самиот финиш се бореа Себ и К-Маг, победи германецот, а поен освои уште Јуки Тсунода.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ