Де Врис искрен: Новините нема да донесат ништо значајно во АлфаТаури

Дебитантот Ник де Врис, најавува константен напредок на АлфаТаури наместо голем пакет новини кои драстично ќе донесат перформанси на АТ04.

Малата екипа од Фаенца има разочарувачки почеток на сезоната, а неодамна тимскиот шеф, Франц Тост, откри дека повеќе не им верува на инженерите откако не ги постигнале зацртанеит цели. Во Австралија тимот донесе нов под на својот болид како прв поголем нов дел на болидот со цел да се добие на перформанси, но откако Тсунода го оштети истиот уште во Петок, Ник беше единствен кој го возеше.

Трката на де Врис заврши откако беше удрен од Логан Сарџент на вториот рестарт од гридот, иако посочи дека новит делови се чекор напред.

разликата не е претерано голема, додека на патека како австралија и нема некоја голема разлика во однос на брзината, но развојот е очигледен затоа што напорно се работи на болидот.

ќе носиме константно некои мали работи, мали подобрувања, не нешто што ќе ја промени ситуацијата преку ноќ и од 15то ќе дојдеме на 8мо место следната трка. малите детали ја прават разликата.

константно анализираме, работиме и наоѓаме перформанси со надеж дека ќе стигнеме до топ 10. јасно е дека работата не престанува, ние сме екипа, работиме заедно и заедно ги наоѓаме потенцијалните области каде можеме да се подобриме.

но, во исто време, целта се движи затоа што конкуренцијата не стои со скрстени раце и подобрувањето никогаш не е доволно добро – посочи де врис.

Во однос на новиот под, возачот дополни:

дефинитивно ни помогна малку за да бидеме побрзи и поконкурентни затоа што е густа средина на поредокот оваа година и мали придобивки може многу да донесат. така, дефинитивно помогна, охрабрени сме, но треба да продолжиме по тој пат за топ 10.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ