Ред Бул доминираат од почетокот на оваа сезона и поедија на сите трки до сега, а четири пати во доминантен 1-2 стил.
Како резултат на тоа, Верстапен е пред нова, трета последователна шампионска титула, додека тимот веќе има 129 поени предност пред второпласираните Астон Мартин кај конструкторите. Но и покрај тоа, тие не седат со скрстени раце, а советникот доктор Марко потврди нови делови и подобрувања кај РБ19 на претсојната трка во Барселона.
ќе пробаме нешто ново во барселона – откри марко за oe24.
Годинава тимот работи со ограничено време за развој поради казната за претерано трошење изречена лани.
Новини во Шпанија најавија и Ферари кои ќе ја ревидираат задната суспензија, пакет кој требаше да се појави на Емилија Ромања, но го одложија по откажувањето на трката.
Мерцедес и Астон своите нови делови се решија да ги воведат од Монако и покрја природата на патеката на која не може да се види користа, а и ризикот е преголем.