Кубица нетрпелив да се врати во Кина

Роберт Кубица смета дека автодромот крај Шангај во Кина може да биде голем предизвик за болидот на вилијамс во пресрет на 1000та трка во Формула 1 историјата.

Времето исто така дополнително ги зачинува случувањата на патеката затоа што може да биде доста променливо.

имаме многу различни патеки на отварањето на сезоната со различни карактеристики што им овозможува на екипите да откријат многу работи за својто болид – смета кубица.

Вилијамс продолжуваат во исто темпо како и лани и се мачат од почетокот на оваа сезона константно наоѓајќи се на дното од поредокот. Кубица е свесен дека Шангај е тешко место за сетирање на болидот и знае дека за екипата трката ќе биде предизвик.

кина може да биде многу променлива и предизвикувачка. има многу долги и тесни кривини како првите три кои потоа продолжуваат со многу бавни шноли и летечки кривини како и многу долг правец со огромна зона на кочење на крајот од кругот. ова дополнето со времето кое знае да биде променливо е навистина тешкјо по сетапот на болидот.

Полскиот возач е задоволен што за прв пат по 2010 година се враќа на тркањето во Кина.

ќе мора да почекаме да видиме какво ќе биде времето, но среќен сум што повторно ќе се ркам во кина.

исто така, ќе биде привилегија да се вози на 1000та гранд при трка во формула 1 нешто што е големо достигнување за спротот и фановите. јас сум среќен и горд што ќе имам можност да учествувам на оваа трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ