Њуи за малку ќе заминел од Ред Бул

Славниот дизајнер, Адриан Њуи, требало да замине во Ферари поради тешката ситуација на Ред Бул во Формула 1. 

Тој објасни дека поради недостатокот на перформанси во тимов во новата турбо хибридна ера за малку ќе заминел во Ферари. По освојувањето на четири последователни двојни титули со В8 моторите, Ред Бул мораше да промени на комплексните турбо хибриди со новите правила на Ф1. Моторот на Рено не ги исполни очекувањата и имаше доста проблеми. 

Да бидам искрен, не верував дека ќе се реши проблемот и за малку не се приклучив на Ферари. Среќен бев во Ред Бул и не ми се менуваше тим бидејќи сакав да одиме напред, а бевме заглавени со неконкурентен мотор. ИМавме доставувач кој беше позагрижен за маркетингот отколку за конкурентноста. Кога доставувачот има желба да го поправи тоа, може да се прифати, Но не видовме такво нешто и загубив мотивација – откри њуи.

Ред Бул се откажа од Рено и се префрли на Хонда кои имаа доста проблеми со Мекларен на почетокот од своето враќање во спортот. Доаѓањето на Хонда му го променила мислењето на Њуи и тој добил друг проект со кој ќе бил мотивиран но ќе останел во игра. 

Не сакав да менувам тим и се појави проектот за Астон Мартин Валкири. Така останав мотивиран и подоцна почнавме со работа со новиот партнер. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ