Apple TV+ и официјално доби права за документарец за Хамилтон

Претплатниците на Apple TV+ ќе добијат можност да гледаат нов документарен филм за животот и кариерата на седумкратниот првак Луис Хамилтон, откако гигантот ги обезбеди правата за тоа.

Проектот ќе биде режиран од британецот Мат Кеј, а продуциран лично од Хамилтон, еден од неговите менаџери за медиуми Пени Тоу како и One Community and Box to Box Films кои се дел од процентскиот тим на серијата Drive To Survive на Нетфликс. На тимот кој ќе снима му е ветен непречен пристап до возачот, а се најавуваат и многу познати гости во интервјуата на патека и надвор од неа.

Извршен продуцент ќе биде поранешниот Главен извршен дирктор на ХБО, Ричард Плепер заедно со Скот Будник.

потекнувајќи од работнички семејство, луис успеа во спорт каде шансите за тоа беа целосно против него, но неговиот огромен талент му помогна и му дозволи да доминира со спортот повеќе од една деценија.

хамилтон во моментов е единствениот црномурест тркач во историајта на формула 1, се гордее со тоа што го рпави различен и тоа што стигна до врвот на спортот со своите квалитети и талент е предизвик за идните генерации – велат од епл.

Самиот Хамилтон во последно време се поврзуваше со актерството како партнер на Бред Пит во филм на Епл во кој славниот актер ќе глуми докажан ветеран кој се враќа од пензија за да подучува млад возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ