Auf Wiedersehen Шумахер

Мик Шумахер ќе го напушти Хаас на крајот на сезоната откако тимот реши да не го продолжи договорот со него.

Тој се приклучи на малата американска екипа во 2021 година и во својата прва сезона возеше покрај Никита Мазепин, откако ја освои Формула 2 титулата претходната година.

Оваа година покрај Кевин Магнусен, Шумахер ги освои своите први поени на Силверстон, а потоа и на следната трка во Австрија.

Но, од тогаш нема освоено поени и има донесено помалку од една третина од поените на Хаас со кој американскиот тим е на осма позиција. Дополнителни, неговите излетувања го чинеа тимот многу.

Би сакал да му се заблагодарам на Мик за неговата работа во тимот. Неговото педигре од јуниорските серии му даде шанса да се развива во Формула 1 тим и донесе поени за екипата, Но сепак, мора да се разделиме и му посакуваме успех во иднина – изјави Гунтер Стаинер, шефот на тимот.

Вилијамс го имаат единственото слободно место на Формула 1 гридот, но само доколку Логан Сарџент не освои поени на лиценцата.

Шумахер на социјалните медиуми напиша.

Ова е моја последна трка со Хаас Ф1. Не сакам да го кријам фактот дека сум разочаран што нема да ми се продолжи договорот. Им благодарам на Хаас и Ферари што ми ја дадоа шансата. Ми помогнаа да созреам технички и лично.

покрај сите потешкотии, го сакам спортот и сметам дека Заслужувам место во Формула 1, Но ваквите работи ме прават посилен. Огнот гори за Ф1 и ќе се борам да добијам место на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ