La Gazzetta dello Sport го откри новиот концепт на Ферари ?

Реномираниот италијански La Gazzetta dello Sport откри во јавноста скица од најновиот болид на Ферари за 2020 година. Скудерија ја најави својата официјална промоција на 11 Февруари следната година.

Ако може да се верува на сликата, таа открива целосно нова суспензија, трети хидрауличен елемент на предната суспензија, подкренато предно крило и целосно нова форма на носот.

Весникот тврди дека италијанците ќе имаат и целосно нови цилиндри во моторот кој ќе има целосно различен дизајн на делот за внатрешно согорување. Големи промени ќе има и Системот за повраток на енергијата особено во софтверскиот дел, а како резултат на тоа ќе има поголем товар во текот на еден круг.

Останува да почекаме до 11 Февруари да видиме дали скицата е вистинска.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ