PSS Технички Преглед: Зошто Ферари возеа со стар под во петокот?

Ферари ја објаснија својата одлука да возат со стар дизајн на подот на петочните тренинг сесии во Монца, а тоа е дека сакале да добијат одговори по скорешните проблеми со прекумерна деградација на гумите.

Италијанците зачудија многумина на првиот тренинг во Италија откако на болидот на Карлос Саинз беше забележан под со дизајн кој беше користен многу порано годинава. Потоа истиот беше заменет со спецификацијата која Шарл Леклер ја тестираше во Франција, за на крајот да дојдат до последната.

Во последно време Скудерија се мачи со менаџирањето на гумите за време на трка, сегмент во кој заостануваат во однос на Ред Бул, така што сомнежот беше дека скорешните аеродинамички развојни елементи го однеле болидот во таа насока и го нарушиле балансот.

ако ги погледнеме последните трки во однос на деградацијага на гумите, не бевме најдобри во тој сегмент, секако дека имавме проблеми со балансот наболидот. имавме отворен баланс на средно брзи кривини кон бавни кривини, каде се генерираше прегревање на самите гуми што ни носеше деградација само по себе и знаевме дека балансот не е вистинскиот.

причината за лошиот баланс на болидот беше поради аеродинамичкиот развој кој не донесе до таму, така што се запрашавме како да се поправиме.

причината поради која во петок тестиравме стар под, иако монца можеби не е најдобро место за тестови, е собирање на податоци и анализа во фабриката за да имаме добро објаснување за тоа што се случило поради тоа што во моментов немаме јасен одговор.

сеуште сме во делот на анализа и разбирање и се надеваме дека ќе го разбереме проблемот и ќе го решиме во иднина – посочи биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ