PSS Технички преглед: Ферари има нов под, но нема да го вози на Имола

Ферари подготвиле нов и подобрен под за својот Ф1-75 болид, но извештаите од Италија велат дека истиот нема да се користи на Големата награда на Емилија Ромања.

Прогнозата во пресрет на тркачкиот викенд е дека трката ќе биде дождлива, така што Скудерија нема да го користи новиот под затоа што ризикот од оштетување на лизгава патека е далеку поголем. Дополнително, Имола ќе биде домаќин н спринт викенд, ќе има само една 60-минутна тренинг сесија пред болидите да влезат во парк-ферме услови во пресрет на квалификациите, така што ќе има многу малку време да се тестира и да се соберат информации во пресрет на трката.

Сепак, од Маранело најавија дека ќе се направат некои помали промени и прилагодувања на болидот со цел да се намали ефектот на потскокнување, но предвидувањата и симулациите велат дека ќе може да се тркаат повторно за победа.

Италијанците најавија дека за 5та трка од сезоната која ќе се вози во Мајами тие веројатно ќе донесат нов мотор, а можно е на истата трка да дебитира и новиот под на болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ