PSS Технички преглед: Што е кардан и како тоа беше оштетено кај Леклер

Шарл Леклер удри во заштитната ограда за време на квалификациите и Ферари веруваат дека тоа ја предизвикало штетата поради која тој не стартуваше од пол позиција. 

Ферари имаа проблем со левата полуосовина од карданот на болидот на Леклер, а тимот ова го откри за време на првиот круг пред поставувањето на гридот. Иако спорниот дел не е дел од проверките пред трка во Ферари, проблемот кој тимот го најде е поврзан со менувачот и останатите поврзани делови. 

Карданот е делот од болидот кој ја пренесува механичката сила на моторот до задните тркала. Ова се прави и преку менувачот и диференцијалот. Диференцијалот се поврзува со карданот, менувачот ја дава точната сила во однос на вртежи и влеча и подоцна диференцијалот одредува колкава механичка сила ќе дојде до погонските тркала. Било какво оштетување на карданот може да резултира со немање моќ за придвижување на погонските тркала. 

Леклер го пронајде ова додека возеше накај гридот и едноставно се паркираше назад во гаражата бидејќи тимот не можеше да го поправи ова на време. 

Карданот може да се движи минимално со употреба на лагери додека било какво оштетување значи дека забрзувањето нема да биде мазно. Ова може да направи и дополнителни оштетувања поради зголемените вибрации. Болидот на Леклер ќе бил тежок за возење и на крајот ќе откажел. 

Прашањето што произлезе е зошто проблемот се јавува на левата страна кога десната беше оштетена. Се верува дека силата на ударот се пренела во тој дел и не е јасно кој дел бил оштетен. Има повеќе зглобови во карданот кои му помагаат да се намести во точен агол но тие не се дизајнирани да амортизираат удар. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ