ROKiT го тужи Вилијамс за 149 милиони долари

Поранешниот спонзор на тимот на Вилијамс во Формула 1, ROKiT, покрена правна постапка од 149 милиони долари пред судот на Флорида против тимот oд Гроув, барајќи компензација за штетата на нивниот углед.

Тужбата, која тврди дека тимот дал измамнички изјави кога го потпишал договорот со компанијата за мобилни телефони, ROKiT, Вилијамс ја отфрли како лажна. ROKiT тврдат дека Вилијамс ветил дека ќе има конкурентен болид во 2019 година, знаејќи дека нема доволно средства за да го поддржи тоа тврдење.

Покрај самиот тим, тужбата ги именува како обвинети некогашниот заменик директор на тимот Клер Вилијамс, како и поранешните директори на тимот Мајк О’Дрискол, кој служеше како извршен директор и Даг Лаферти, кој беше главен финансиски директор. Сите тројца го напуштија тимот во есента 2020 година како резултат на преземањето од страна на Дорилтон Капитал.

Тужбата е започната во име на матичните компании ROKiT World Inc и ROKiT World Limited од Лери Клејман, познат адвокат кој претходно бил вклучен во неколку правни дејствија од висок профил, вклучително и некои против поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Барак Обама.

Директорот на ROKiT, Џонатан Кендрик, потпиша тригодишен договор со Вилијамс во Јануари 2019 година, а неговата компанија беше насловниот спонзор на тимот во текот на целата таа сезона. Во текот на 2019 година, договорот беше продолжен за уште две години, а беше договорен и дополнителен аранжман со сестринската компанија за пијалоци ROKiT.

ROKiT ги исполни своите финансиски обврски во 2019 година и логоата на компанијата беа на болидот за откажаното Австралиско Гранд При на почетокот на 2020 година. Меѓутоа, за време на паузата поради КОВИД-19 пандемијата што следеше пред одложениот почеток на сезоната, настана спор меѓу двете страни. ROKiT тврдеше дека не ги добил правата што договорно ги должи поради откажувањето на трките, додека Вилијамс наведе задоцнето плаќање на спонзорските такси.

Кога првично беше објавен ограничен календар за Формула 1, ROKiT велат дека понудиле да платат процент од договорените надоместоци. Сепак, спонзорскиот договор бил откажан од Вилијамс во Мај, пред да продолжи сезоната, во време кога тимот беше во преговори со потенцијалните нови сопственици.

Спорот за неплатените такси за 2020 година потоа отиде до Лондонскиот Суд за меѓународна арбитража, каде случајот на Вилијамс на крајот се покажа успешен.

Новиот судски спор тврди дека арбитерот не бил свесен за лажното прикривање на изјавите на материјалните факти од страна на обвинетите кои не биле откриени дури по завршувањето на арбитражата и дека ROKiT дознале дека болидот никогаш не бил способен да ги исполни стандарди што обвинетите им ги гарантирале на тужителите и дека обвинетите биле свесни и го прикривале овој факт.

Се додава дека обвинетите намерно и со измама го сокриле фактот дека Вилијамс инженеринг едноставно немал доволно пари за развој на Ф1 болидот.

Во тврдењето се вели дека како директен и приближен резултат на лажните изјави дадени од страна на обвинетите, тужителите претрпеле значителна финансиска загуба и оштетување на нивната добра волја и деловна репутација и бараат надоместок во износ од 149,528,550 долари.

Запрашан за правната постапка, тимот изјави за Motorsport.com:

Вилијамс Рејсинг е свесен за ова лажно тврдење.

Откако успешно победи на арбитражата против ROKiT во Обединетото Кралство и успешно поднесе барање арбитражната одлука да биде потврдена од федералниот суд во Соединетите американски држави, Вилијамс продолжува да има доверба во судските процеси во однос на оваа несреќна работа.

Сепак, директорот на ROKiT, Кендрик, останува категоричен дека има случај.

Не сакам да го правам ова, но мислиме дека сме оштетени. Зошто дојде до ова беше ударот на КОВИД и беше откажана целата сезона во 2020 година. Затоа не им плативме.

тогаш сезоната, ако се сеќавате, требаше да биде само 50 проценти, па ние понудивме 50 проценти писмено. Тие одбија и веднаш потоа ни го откажаа целиот договор и не тужеа за целата сума, иако не би имале никаков бренд на болидот.

Ги добив мејловите дека ќе платиме половина, а потоа го откажаа договорот на Инстаграм, не ни кажаа ништо.

Кендрик вели дека на почетокот на 2019 година му биле дадени усни гаранции од раководството на Вилијамс дека тимот ќе има конкурентен болид.

Пред да го потпишеме договорот, токму тие прашања ги поставивме пред мојот одбор. Каква е состојбата на болидот? Каква е состојбата на развојот?

ни беше наведено под А, Б, Ц, и тоа никогаш, никогаш не било точно И тоа е она што мислиме дека можеме да го докажеме, особено кога одиме на суд.

Гаранциите и обврските што ни ги даде одборот никогаш, никогаш не можеа да бидат исполнети И едноставно не беа вистинити.

Кендрик вели дека може да повика сведоци кои имале познавање на тимот во тоа време.

Неколку луѓе се појавија кои порано работеа за Вилијамс и ни дадоа многу важни информации.

Навистина не сакав да го направам ова. Навистина не, Но бидејќи тие дојдоа по нас, немам избор. Не ми се допаѓа, но не е фер како што е беше завршено.

ROKiT не е вклучен во Формула 1 од нивното разделување со Вилијамс во 2020 година. Сепак, тие имаат континуирано присуство во моторспортот преку Формула Е, британскиот шампионат во Ф4 и супербајк серијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ