WEC: Ферари го претстави хиперавтомобилот за 2023

Новиот хиперавтомобил на Ферари за ВЕЦ серијата, како и Ле Ман, кој има за цел да го врати италијанскиот производител на врвот на трките со спортски автомобили во светскиот шампионат за издржливост на ФИА следната година е именуван како 499П.

Типот на хибридниот прототип LMH беше откриен заедно со бојата во која ќе се трка во WEC во 2023 година, како и конфигурацијата на моторот со внатрешно согорување на автомобилот, на неговото официјално претставување во Имола во саботата навечер.

Номенклатурата 499П ја следи традицијата на именување која датира од најраните почетоци на Ферари: 499 е капацитет во кубни сентиметри од еден цилиндар во трилитарскиот V6 твин-турбо погон на автомобилот, додека “П“ е ознака за прототип.

V6 на LMH ја има истата архитектура од 120 степени како моторот во новиот 296 GT3 претставен во Јули, но е сосема нов дизајн.

Тоа не е истиот мотор – рече Фердинандо Каницо, шеф за дизајн и развој во одделот за трки за спортски автомобили на Ферари, Attivita Sportive GT.

Тоа е иста архитектура како 296, но е напрегнат мотор, што значи дека структурата треба да биде сосема поинаква.

Изборот на V6 беше дефинитивно вистинскиот пат што требаше да се следи со оглед на начинот на кој се движи нашата палета на патнички автомобили, природно беше да се оди по тој пат.

Но, тоа не беше компромис бидејќи V6 е мал, лесен и многу компактен, што дава предност во пакувањето, распределбата на тежината и центарот на гравитација.

Шарата во која 499П беше претставен ја содржи претежно црвената боја со жолта облога која потсетува на водечкиот Ферари 312ПБ кој влезе во светскиот шампионат во 1972 и 1973 година со Џеки Ајкс, Брајан Редмејн и Артуро Мерзарио, меѓу другите. Ферари го освои WCM, претходник на денешниот WEC, со трилитарскиот автомобил од Група 5 во првата од тие години.

Еден од двата 499П што ќе се вози под знамето на Ferrari AF Corse во 2023 година ќе ја носи бројката 50 за да одбележи половина век од повлекувањето на брендот како фабрички тим од првите трки со спортски автомобили. Вториот болид ќе носи 51, симболичен број за Ферари во GT трките. Четирите титули за возачи на GTE Pro за Ферари од влегувањето во 2012 година, сите беа освоени со бројот 51 од фабричкиот тим на AF Corse.

Правилата на LMH му дозволија на 499П да добие изглед што го прави препознатливо Ферари. Долниот елемент ги вклучува задните светла во една лента што се протега по ширината на крилото.

Не се најавени возачи за програмата LMH WEC, но Колета ја повтори намерата на Ферари да ги пополни шесте WEC LMH седишта од постоечките GT возачи.

Изборот на возачите ќе биде од семејството на Ферари. Имаме многу доследни возачи во семејството GT и 100 проценти изборот ќе биде директно од Ферари.

Ферари досега изведе повеќе од 12,000 километри тестирање на две шасии 499П. Се очекува хомологацијата на автомобилот да биде завршена до крајот на оваа година пред дебито на 499П во воведната трка на WEC следната година, Sebring 1000 Miles во Март.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ