Абитебул му се извини на Окон за откажувањето

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, му се извини на Естебан Окон за откажувањето на Гранд При на Емилија Ромања откако французинот повторно мораше да се откаже од трката.

Даниел Рикардо стигна до својот втор подиум за тимот на трите последни трки, овој пат зад тандемот на Мерцедес, но Окон спеа да извози само 28 кругови пред да се паркира крај патеката и да предизвика виртуелно безбедносно возило.

Претходно тој имаше низа технички проблеми пред конечно да се паркира, а тимот се сомневаше на проблеми во менувачот. Самиот Естебан откри дека имал проблем со отпаднат дел од каналот за ладење на сопирачките, проблем со спојката и на крајот со преносот. Ова беше трето откажување во последните пет трки за францускиот возач отако седум пати годинава се најде во поени.

сакам да му се извинам на естебан затоа што повторно мораше да се откаже поради технички проблем. не беше далеку на квалификации, имаше добар старт и беше во комбинација за поени и покрај тоа што мораше рано да го застанеме за нови гуми и за отстранување на остатоци во каналите за ладење на сопирачките.

потоа имаше и други проблеми во својот менувач и мораше да се откаже. штета за него затоа што даниел покажа што може да направи болидот кој беше силен и конкурентен – откри абитебул, шефот на екипата.

Првиот човек на Рено потврди дека ќе направат се што можат за да го оспособат Естебан да му помогне на Даниел Рикардо во борбата за 3то место во конструкторскиот поредок каде жестоки ривали им се Рејсинг Поинт и Мекларен.

Во моментов фабричката француска екипа е на тоа 3то место, но само со поен пред ривалите.

сега сме на 3то место кај конструкторите и треба да се фокусираме многу брзо на викендите кои ни претстојат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ