Абитебул: Напредокот му го должиме на Рикардо

Сирил Абитебул, шефот на Рено, смета дека Даниел Рикардо ќе замине од далеку посилен тим одошто оној во кој дојде на почетокот од минатата сезона откако викендов австралиајнецот ќе ја одработи својата последна трка за фабричката екипа пред да мине во Мекларен.

По две сезони минати во Енстоун, тој направи трансфер во вториот најтрофеен ти на гридот, а Рено кај себе го враќаат двокраниот шампион, Фернандо Алонсо. Исто така, французите следната година се ребрендираат во Алпин како промоција на својот бренд за спорски автомобили.

тоа што ни го даде како возач е неверојатно, особено оваа година. нема сомнев дека екипата со него имаше огромен напредок оваа сезона. му должиме најголем дел од напредокот на даниел затоа што јасно ја водеше екипата, сите го следеа, механичарите и инженерите и тој направи фантастична работа со оваа екипа – смета абитебул.

Во моментов Рено се на 5то место во конструкторскиот поредок, позиција која ја освоиај и лани, но сеуште се во борба за 3то место за кое конкурираат со Рејсинг Поинт и Мекларен. Рикардо од своја страна дојде два пати на подиум сезонава, нешто што не успеа лани, додека Естебан Окон имаше 2ро место на последниот настан.

даниел е наш одличен амбасадор и лидер на екипата. јасно е дека беше клучен во она што го направивме во однос на лани кога сите имавме разочарувачка сезона.

тој имаше голем удел во тоа што денеска сме толку различни одошто претходно пред да се решиме да го донесеме во тимот. поради тоа сметаме дека испорача навистина многу за нас.

иронијата е тоа што сега сме многу посилни и ќе треба да се трка со многу помоќен противник следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ