Абитебул реален: Немаше да бидеме на подиум без Рикардо

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, смета дека фанричкиот тим немало да биде онаму каде што е во моментов без Даниел Рикардо кој има огромен придонес во развојот и напредокот на фабричката екипа.

Французите силно напредуваат сезонава и по неколку пропуштени прилики за подиум годинава, дојдоа до 3то место на Нирбургринг во Недела.

Рикардо дојде во Рено во 2019 година и имаше тешка прва сезона со тимот, а во пресрет на оваа година реши да потпише за Мекларен за 2021. Абитебул е задоволен со придонесот на Рикардо во тимот.

знам дека многу пати имаше сомнеж околу неговата одлука да се приклучи кон нас, а сега и кон онаа да мине во мекларен. беше многу важно за сите да се одговор затоа што не им беше јасно.

да, имавме разочарувачка сезона лани, нема сомнеж во тоа, а возач како даниел секогаш има многу опции пред себе на пазарот на возачи. сеуште верувам дека кога замина од ред бул го направи вистинскиот потег, а оваа екипа немаше д биде иста денеска без него.

благодрен сум му за годините кои ги мина со нас и начинот на кој не притискаше и мотивираше, почнувајќи од мене и потоа сите во енстоун, марцин будковски и останатите – задоволен од својот возач е сирил.

Тимот имаше соопштение по одлуката на Дание да го напушти тимот во Мај, а Абитебул и тогаш уверуваше дека одлуката била донесена со негова консултација.

се обидуваме да бидеме во колку што може подобра позиција оваа и следната година, нешто шго даниел може да ни го овозможи.

знам дека комуникацијата беше негативна кога стана официјално дека ќе не напушти догодина, но мораме да го пофалиме во моментов. даниел е многу значаен и незаменлив дел од тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ