Абитебул: Рикардо е клучен за напредокот

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, смета дека резултатот од Германија е позитивен за тимот и покажува колку е клучен Даниел Рикардо за тимот. 

Абитебул изјави дека првиот подиум за тимот по 5 години одговора на критиките дека е грешка доаѓањето на Рикардо во тимот. 

Ова беше многу важно за тимот, за Даниел и за мене. Многумина ја доведуваа во прашање одлуката за неговото доаѓање во тимот. Мислам дека е важно за сите да се заборават коментарите.

Лани имавме разочарувачка година, но оваа година сме доста подобри. нема многу шанси за возач како Даниел кој беше достапен на пазарот. Мислам дека го погодивме тајмингот. 

За Абитебул се важни повратните информации на австралијанецот кој многу му помогнал на тимот. 

Тимот немаше да е на ова ниво без Даниел бидејќи благодарение на него имавме голем напредок и одевме напред. Сега сме во подобра позиција од лани и сме подготвени за наредната година. 

Абитебул истакна дека не му се допаѓала веста кога Рикардо решил да замине од тимот за наредната година. 

Знам дека нашата комуникација можеби беше негативна кога дознав дека нема да остане во тимот, Но мислам дека тоа беше бидејќи таа беше искрена, емотивна и без влакна на јазикот.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ