Абутебул е нов шеф на Хјундаи ВРЦ

Поранешниот шеф на Рено Ф1, Сирил Абитебул ќе биде нов шеф на ВРЦ програмата на Хјундаи. 

По долгата потрага за шеф на тимот откако ги напушти Андреа Адамо во декември сега конечно Хјундаи најде шеф. 

Абитебул ќе ја преземе работата од Џулиен Монсет кој е поранешен шеф за мотори кој досега работеше како шеф на тимот. 

Французинот има богато искуство во мотороспортот откако го водеше Катерхам Ф1 во 2012 до 2014 година пред да се приклучи за Рено со кој остана до 2021 година. По напуштањето на тимот тој работеше како советник во Мекахром кој доставува мотори во Формула 2 и Формула 3. 

Хјундаи изминатата сезона не успеа да стигне до титулите поради каснење на нивниот болид. Но и покрај тоа стигнаа до пет победи што е најмногу во историјата на ВРЦ во една сезона. 

Тимот има и нови возачи и тоа Тиери Невил, Есапека Лапи, Крег Брир и Дани Сордо. 

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ