Австралија би сакала трка подоцна во годината

Големата награда на Австралија е откажана кусо пред почетокот на првата тренинг сесија во Петок, но организаторите би сакале да го организираат настанот подоцна во текот на оваа година.

Член на Мекларен имаше позитивен тест на корона вирус, следуваше повлекување на тимот од настанот, а потоа и целосно откажување во договор помеѓу ФИА, Формула 1 и оргнизаторите и промотерите на настанот.

Претседателот на Австралиската Гранд При Корпорација, Пол Литл, се надева дека ќе добијат шанса подоцна во текот на годината да организираат трка.

до нашите тркачки фанови, сакам да им кажам дека ми е многу жал и сум многу разочаран што настанот не можеше да се одржи. причините за тоа се познати и само сакам да се извинам до сите наши фанови.

здравјето, безбедноста и добросостојбаа на сите во тимовите, луѓето и заедницата општо се пред се и секогаш така ќе остане. нетрпеливи сме и се надеваме дека ќе добиеме дозвола да го организираме настанот подоцна во текот на годината, останува да видиме – вели литл.

Главниот извршен директор на Корпорацијата, Ендру Вестакот, објасни дека настанот не е целосно откажан, туку тоа бил правилниот збор со оглед на ситуацијата.

беше важно да се искористи зборот откажан поради тајмингот и ситуацијата во која се најдовме. беше важно фановите пред вратите на патеката да знаат дека нема да има трка, а не дека е одложена за неколку часови подоцна истиот ден, така што зборот откажана беше намерно користен.

во формула 1 никогаш не се вели никогаш. работиме со чејс кери, со фиа и останатите претставници на формула 1 низ проблемите, но сеуште не сме размислувале за некој иден датум за трката.

сепак, не можеме да ја оставиме инфраструктурата вака со месеци затоа што почитуваме дека овдека има и други спортски активности. наша привилегија е што имаме дозвола да го “окупираме“ овој прекрасен парк во мелбурн.

сакаме да ги минимизираме проблемите од состанување и отстранување така што ќе направиме мали промени при отстранувањето, но опремата не може долго да остане овдека и ќе биде отстранета од мелбурн парк и мелбурн.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ