Австралија ги демантира шпекулациите: Ќе бидеме прва трка од сезоната

Организаторите и промотерите на Големата награда на Австралија тврдат дека шпекулациите околу календарот за следната година согласно кој тие ќе организираат трка во Октомври не се вистинити.

Медиумите пренесоа дека календарот следната година ќе го отвори Бахреин, додека Мелбурн ќе биде закажан на 24 Октомври поради фактот што Австралија во моментов не е во добра ситуација со пандемијата и е во карантин.

Во своја изјава за Wide World of Sports, Ендру Вестакот, шефт на трката, инсистра дека следната сезона ќе почне исто како што требаше да почне и оваа, со трка во Мелбурн.

нашата компанија редовно е во контакт со формула 1 во врска со календрот за следната година кој ќе биде објавен периодот кој следува. мелбурн повторно ќе биде домаќон на отворањето на сезоната со традиционалното место во март кое ќе биде заживување на големите спортови и настани во државата викторија – објави вестакот.

Според Soymotor, глобалната пандемија била причина што трката во Мелбурн наводно ќе се одржи седум месеци подоцна од вообичаениот датум, иако месецов пандемијата зема голем замав низ светот.

Ланската трка во Австралија беше откажана буквално часови пред почетокот на тренинг сесиите откако тимот на Мекларен се повлече поради позитивен случај на Ковид-19 во нивната екипа, а пандемијата се повеќе стануваше светски проблем. Тоа беше прв пат по 1946 година Австралија да нема Формула 1 трка.

Вестакот исто така потврди дека Мелбурн ќе продолжи да организира Гранд При трка и дека шпекулациите дека некои други држави и патеки на континенто ќе ја превземат организацијата не се вистинити.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ