Австралија “нема шанси“ да се вози пред празни трибини

Шефот на Австралиското Гранд При, Ендру Вестакот, откри дека трката во Мелбурн нема да го следи примерот на Бахреин и настанот да се одржи без гледачи крај патеката. Тој е оптимист поради тоа што финалето на Т20 Светсткиот куп за жени се одржал во Мелбурн викендов и биле присутни над 86 илјади гледачи.

Викендов организаторите во Бахреин најавија дека трката во Кралството ќе биде пред празни трибини поради се поголемата загриженост од корона вирусот.

нема шанса да се тркаме пред празни трибини. кога ќе ги погледнете 86.000 гледачи вчера вечер, сфаќате дека мора да најдеме безбеден начин и да се движиме низ животот со земање во предвид на неопходните заштитни мерки.

интересна работа е опремата од италија. болидите на алфа таури и на ферари веќе доаѓаат од аеродромот, така што тоа е одлично. клучниот персонал веќе е во авион на пат навака и ги очекуваме во следните 12-24 часови – најави вестакот.

Шефот на медицинскиот персонал во Владата на Австралија, Брендан Марфи, изјави дека нема никаков призик по одржување на трката.

не верувам дека има некаков ризик. јасно е дека чуѓето зборуваат за италија и за ферари, но тие се внимателно проверувани на патот навака. нема доказ за вирус во државата викторија во моментов и не сум загрижен од масовните собири или прошетки. мислам дека ризик за одржување на гранд при трката не постои.

Запрашан дали масовното собирање на толку луѓе не претставува опасност, тој одговори.

секако дека тоа не е клучно. ако имавме некоја опасност од ширење при секојдневните контакти, секако дека ќе забраневме јавни собири.

посебно внимание имаме посветено на италија, иран, кина и република кореа. мислам дека пресудно е да имаме добра проверка на границите на патниците и добар начин на враќање на патниците или нивна изолација доколку тоа е потребно – дополни марфи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ