Австралија не ја ставила Ф1 во опасност

Шефовите на Големата награда на Австралија сметаат дека Формула 1 не била ставена во опасност со тоа што сите засегнати го посетиле Мелбурн, а потоа трката била откажана по пандемијата на корона вирус. Формула 1, ФИА и Австралиската Гранд При Корпорација во Петок на само два часа пред почетокот на првата тренинг сесија ја одложија трката откако мнозинството од екипите го сакаше тоа.

Официјалните лица размислувале за мерки како заклучување на падокот дури и за возење без публика со цел да се спречи ширењето на вирусот. Но, на крајот мнозинството реши настанот да биде откажан.

Главниот извршен директор на Австралиската Гранд При Корпорација откри дека работеле непосредно со здравствените власти за најнови информации во врска со развојот на настаните.

мелбурн и држвата викторија има главен и одговорен здравствен работник кој “го храни“ националното здравствено тело со инфомрации, а потоа и комитетот за национална безбедност со кој претседава премиерот.

ние добиваме насоки од тој комитет, а нивните информации беа клучни. имавме дополнителни совети кои одеа во насока на откажување на настанот.

важно е да се напомене дека викторија беше домаќин на масовен настан претходниот викенд на кој присуствуваа 86.000 гледачи на стадион, така што ситуацијата се развиваше од ден на ден.

Вестакот потенцираше дека доколку не се донесела одлука за откажување на настанот, безбедноста и благосостојбата на посетителите немало да биде загрозена.

немаше никаква најава дека здравјето ќе биде загрозено. советот од главниот медицински работник на викторија ги зеде во предвид не само тест резултатите за корона вирус од кои еден беше позитивен, но тоа што се случуваше кај локалното население.

кога ја донесоа одлуката која која ја донесоа беше базирана на информации и медицински докази кои ги имаа. одлуката која ја донесовме беше исправна – потврди вестакот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ