Австралиското Гранд При откажано

Формула 1 трката Големата награда на Австралија како и МотоГП трката во истата земја се откажани поради здравствената криза во земјата.

Веќе некое време се очекуваше, а Австралиската Гранд При Корпорација потврди дека трките нема да се одржат согласно планот во последниот квртал од годината откако Формула 1 настанот од традиционалниот термин во МАрт беше префрлен за Ноември.

Одлуката доаѓа откако официјалните здравствени лица и Владата не успеале да најдат решение како да го донесат персоналот потребан за трка преку граница, а во согласнот со протоколите. Идејата за биосфера беше напуштена, а хотелскиот карантин се сметаше дека е тешко изводлив поради индискиот делта сој кој е многу попренослив од претходните варијации на корона вирусот.

Секое решение понудено не беше прифатено со оглед на фактот што многу жители на континентот сеуште не може да се вратат во своите домови од други земји.

знаеме дека оваа вест не е онаа која формула 1 и мотогп фановите сакаа да ја чујат. јас сакам да и се заблагодарам на владатана викторија, формула 1 и дрна спортс за нивната огромна поддршка во овој предизвикувачки период како и нивната посветеност на двата огромни настани.

имаме огромни предизвици со ковид-19, но сакам да ги убедам фановите дека иако има огромна разочараност помеѓу нашиот персонал, решени сме следните епизодит од трките да бидат сензационални настани – изјави ендру вестакот, главниот извршен директор на австралиската гранд при корпорација.

Стефано Доменикали, шефот на Формула 1, најави дека и покрај последното откажување, тие се решени да имаат календар од 23 трки.

многу сме разочарани што нема да се тркаме во австралија сезонава, но убедени сме дека ќе можеме да испорачаме календар од 23 трки годианва и имаме многу опции

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ