Австрија: Победа за Леклер откако три пати го претекна Макс

Шарл Леклер стигна до својата прва победа во кариерата со старт надвор од пол позиција откако три пати на патека го претекна својот директен конкурен, Макс Верстапен.

Второто Ферари на Асинз исто така беше извонредно, но моторот откажа. Трето и 4то место за Мерцедес, двојни поени за Алпин, Мекларен и Хаас.

Стартот донесе возбуда за 3то место кое Саинз го загуби од Расел, но експресно го врати. Потоа Мерцедесот се бореше со Чеко Перз, се допреа, а Ред Бул заврши крај патеката во песокот. Чеко експресно влезе во бокс по поравки и нови гуми плаќајќи за тоа што беше претерано амбициозен. За инцидентот, Расел доби казна од 5 секунди која му беше изречена во 10от круг.

Во 10от круг почнаа нападите на Леклер над Верстапен кој актуелниот првак, барем на почетокот ги одбиваше. Во 12от круг, Леклер опасно нападна и од “трета мајка“ го надмудри Верстапен, најде малку простор и од внатрешна страна храбро го мина. Два круга подоцна, холанѓанецот влезе во бокс по свежи гуми.

Во 15от круг, Луис Хамилтон на Мерцедес ги мина двата болиди на Хаас пред сбее и дојде до 4то место, секако Верстапен излезе на 7ма позиција. Но, во 18та обиколка, загуби позиција од Верстапен кој претходно влезе во бокс и цел круг загуби зад ланскиот ривал.

Во 27от круг, Леклер влезе по нов сет хард и излезе на 3то место, зад Макс Верстапен, така што Верстапен го превзема водството на трката. Следниот круг и шпанецот влезе по нови гуми и излезе на 4то место, додека Верстапен го превзема водството.

Следуваше промена на хард кај Луис Хамилтон, но во Мерцедес го задржаа повеќе од 4 секунди, така што од 3то место тој излезе со огромен заостаток зад Саинз.

Во 33от круг, Шарл Леклер по втор пат го мина Верстапен за водство на трката, оставајќи го актуелниот првак зад себе. Истиот круг, Шумахер го мина својот колега Магнусен за 6то место.

Во 36от круг, Верстапен влезе по нови хард, втор сет за трката откако Карлос Саинз влрзе во ДРС зона и беше очигледно дека ќе го мине на патека. Холанѓанецот излезе на 3то место зад двата болиди на Ферари.

Во 40от круг, Себастијан Фетел се изврте крај патеката по контактот со Пјер Гасли, но во рикверц успеа да се врати на патека, исто како и на вчерашниот спринт. За сударот, возачот на АлфаТаури доби 5 секунди.

Во 49от круг, Леклер влезе по нови хард во боксот, втора промена на гуми за него на трката, препуштајќи му го водството на неговиот колега Саинз. Следниот круг и Карлос влезе во бокс по нов сет, така што двајцата возачи на Скудерија се впуштија во потера по холанѓанецот.

Во кругот број 53, Леклер по трет пат го мина Верстапен на патека, по што холанѓанецот се пожали на тракцијата откако лесно беше “прелетан“ од Ферари.

Во 57от круг, додека се спремаше да го мине Версапен на патека, откажа моторот на Саинз, се запали силно и тој се паркираше крај патеката откажувајќи се. Следуваше виртуелно безбедносно возило во кое речиси сите влегоа на нови гуми, Леклер и Макс на медиум и излегоа на 1во и 2ро место. Виртуелното безбедносно возило беше на сила два круга.

Така, Леклер со прва победа на трка на која не стартувал од пол позиција пред Макс Верстаоен, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Двојни поени за Алпин, Естебан Окон 5ти, Фернандо Алонсо извонреден 10ти откако почна како последен. Мекларен извадија максимум со 7мо и 9то место, а Мик Шумахеј сјаен со 6то место со Магнусен две позиции зад него.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ