Агаг: Формула 1 ја копира Формула Е

Првиот човек на Формула 1, Алехандро Агаг смета дека електричното првенство во моментов ги поставува стандардите во светот на моторспортот. Агаг алудира и на тоа дека дури и Формула 1 го следи примерот на дигитална презентација и социјални медиуми кој го користи Формула Е.

Тие копираат многу работи кои ние ги правиме, но тоа може да е и коинциденција. За 20 години јас не гледам дека нешто ќе биде поголемо од Формула Е. Оваа серја ќе биде главен моторспорт шампионат затоа што ќе биде силно поврзан со индустријата .

Дури може и Формула 1 да биде пропратен дел од Формула 1, зошто да не, може да се обединиме – низ насмевка објасни Агаг во своето интевју за Лондонскиот бизнис весник City AM.

Формула Е претстави нова, втора генерација на болиди за претсојната сезона со поширок нос, единечно предно крило и хало систем за заштита на кокпитот.

Новиот болид е иднината на тркањето.

За мене Берни Еклстон беше страшно добар пример и секогаш сум му се восхитувал. Голем дел од времето минував анализирајќи што всушност тој прави.

Кога сте сопственик на некој бизнис имате апсолутно право да правите со истиот што сакате. Либерти Медиа постапи фер со Берни затоа што тој повеќе не беше сопственик на Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ