Азербејџан, Т1: Перез продолжи онаму каде што застана во Монако

Серхио Перез од Ред Бул го постави најбрзото време па воведните 60 минути од Големата награда на Азербејџан низ улиците на Баку, две недели откако испорача победа за тимот во Монако.

Нешто повеќе од десетинка зад мексиканецот беше Шарл Леклер, додека неговиот конкурент за титула, МАкс Верстапен, заостна две десетинки зад Ферари. Карлос Саинз постави 4то време со две десетинки побавен круг од Макс, а половина секунда од Чеко. Интересно,  возачите на Ферари беа единствени кои дури три од четирите серии одработени за 60те минути во Баку го возеа на најтврдиот хард, додека сите останати користеа медиум и софт.

Фернандо Алонсо постави 5то време, но заостана 1,1 секунда од најбрзото на Ред Бул, а беше десетинка побавен од седумкратниот првак од Мерцедес, Луис Хамилтон. Јуки Тсунода беше 7ми и заостана само три стотинки зад Хамилтон, додека Џорџ Расел беше само 9 илјадити делови од секундата зад него. Пјер Гасли и Естебан Окон беа последни во топ 10 на првата сесија.

Мик Шумахер успеа да извозе само три инсталациски кругови пред да истекува масло од неговиот Хаас по што мораше да ја прекине сесијата, додека Николас Латифи извозе 7 кругови пред да му се исклучи моторот.

Пјер Гасли и Јуки Тсунода беа најактивни со по 25 кругови.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ