Аиткен и Илот на Индикар тест во Себринг

Младите Џек Аиткен и Калум Илот ќе учествуваат на претсојниот Индикар тесст на познатиот Себринг автодром во Америка.

Јункос Холинџер Рејсинг ќе го користи 6 Декември како ден за тест на Себринг со својот веќе потврден возач, Калум Илот, додека за Аиткен ќе биде прво Индикар искуство, со болидот на Ед Карпентер Рејсинг.

Илот е дел од Академијата за млади возачи на Ферари, во моментов тест и резерва на нивната Формула 1 екипа, како и на Алфа Ромео, а Индикар деби имаше годинава. За следната година си обезбеди сезонски договор и ќе се трка во американската тркачка серија.

Аиткен има трка за Вилијамс лани кога на Шакир го менуваше Џорџ Расел, а ќе вози Иникар по силниот судар во ГТ летово. Британецот со корејско потекло исто така е планирано да одработи петочна сесија за Вилијамс на тестот во Абу Даби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ