Алан Џонс: Трката требаше да се одржи

Светскиот Формула 1 првак, Алан Џонс, смета дека првата трка од овогодишната сезна, Големата награда на Австралија која беше откажана, требало да се одржи како вообичаено.

Трката во Мелбурн беше откажана само два часа пред почеток на првата тренинг сесија откако се појави позитивен случај на ковид-19 во Меклрен, тимот се повлече од настанот, а потоа и најголем дел од останатите екипи решија дека е најдобро да не се тркаат.

Алан Џонс требаше да одработува за медиумите викендов, а смета дека донесената одлука била погрешна.

ако ме прашате мене, јас би продолжил со трката, но мора да се покаже чувство во однос на целата работа. во текот на мојата работа за канал 10 ја следевме состобата во прво лице и следевме што точно се случува.

до петокот мислевме ека можеме да ја држиме под контрола целата работа, но она што се случи во мекларен поремети се, тоа беше како искра.

откажанта трка е удар врз австралискиот спорт, луѓето дошле од секаде да ја гледаат трката и останаа разочарани – појасни џонс.

Формула 1 и ФИА се критикувани што воопшто дозволиле сите да дојдат во Мелбурн и да најават дека трката ќе се одржи. Тој е скептик дека трката ќе успее да се вметне на овогодинешниот календар.

јас не обвинувам никого за тоа што дошол во мелбурн затоа што никој не можеше д апредвиди ваква ситуација. сите мислеа дека трката може да се одржи затоа што пет денови претходно имавме страдион со 86.000 луѓе на натрпевар, а на алберт парк требаше да има и повеќе. лично мислам дека трката оваа година нема да се одржи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ