Алберт Парк остана без една ДРС зона

ФИА отстрани една ДРС зона од патеката Алберт Парк од безбедносни причини.

Во петокот возачите возеа на четири ДРС зони, но во текот на ноќта, една зона беше отстранета. Патеката во Мелбурн беше доста побрза со новиот изглед и четирите ДРС зони, но сепак една мораше да се отстрани.

Имаше многуте предупредувања за блокирање на тркалата кај многу возачи кои тешко успеваа да сопрат и да направат простор за да имаат чист круг. Тоа резултираше со неколку страшни моменти.

Поради тоа, Нилс Витич одлучи ДРС зоната на правецот меѓу свиокот број 8 и број 9 да се отстрани. Овој рамен дел е всушност тесен и релативно прав свиок кој бара голема аеродинамика. Оскар Пјастри објасни дека одлуката дошла по состанокот со возачите во петокот.

Имавме дискусија и зборувавме повеќе за долната облека отколку за ДРС да бидам искрен. Промената дојде по разговорите помеѓу нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ