Албон: Веќе сме во втора фаза од планот на Воулс

Александер Албон откри дека тимот е веќе во втората фаза од планот и стратегијата за подобрување на екипата која ја спроведува новиот шеф, Џејмс Воулс.

Воулд беше назначен за тимски шеф во Јануари превземајќи ја позицијата од претходно заминатиот Јост Капито, а откако претходно беше десна рака на Тото Волф во Мерцедес како главен стратег во ерата на доминација на “сребрените стрели“. Првата задача на Џејмс е јасна, да го врати тимот во константна борба за поени во средината на поредокот, а овогодинешниот болид е чекор напред во однос на ланскиот, така што Алекс Албон освои поен на отворањето на сезоната во Бахреин.

од почетокот на годината до сега, веќе имплементиравме некои идеи кои треба да дадат резултати на краток рок, а џејмс веќе има визија и план за следната година. но, мораме да прифатеиме дека некои работи може да не се подобрат, иако треба да ја гледаме големата слика.

јас ги давм повратните информации од возачка гледна точка. џејмс зборува многу детално за нивото на детали и имање вистински план и вистински чекор за напредок со цел да се заврши сезоната добро како и да се одбере вистинска насока за напредок. ние првенствено сме насочени кон долгорочна стратегија – откри албон.

Тој го откри и начинот на кој соработува со Воулс, инженерот кој претходно работел со Михаел Шумахер, Луис Хамилтон, Џенсон Батон и Нико Розберг, се Формула 1 шампијони.

разговараме многу во текот на викендите, бара мислење од возачите во врска со она што очекуваме да се направи. знаеме дека болидот е таков каков што е, ситуацијата во која се наоѓаме не може да се промени и треба да извадиме максимум од она што го имаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ