Албон незадоволен: Гасли не требаше да биде казнет

Алекс Албон смета дека Пјер Гасли не требало да биде казнет за тоа што имаше контакт со Фернандо Алонсо на стартот на трката за Големата награда на Турција. 

Французинот имаше одличен резултат на Истанбул Парк откако ја заврши трката на шеста позиција и донесе осум поени за АлфаТаури. Тој заврши две секунди зад Мерцедесот на Луис Хамилтон и сигурно ќе го поминеше британецот доколку немаше казна од пет секунди. 

Албон кој го замени Пјер Гасли во Ред Бул во 2019 година и смета дека тоа било жестока казна бидејќи возачот на АлфаТаури не направил ништо погрешно. 

Не направи ништо лошо. Има непишано правило дека првите свиоци во првите кругови не се казнуваат бидејќи се оставаат возачите да се тркаат.

За мене тоа е правилото во смисла дека Чеко имаше добар старт и беше понапред и има право на тој свиок. Пјер му остави простор, но Беше во сендвич како што кажа на радио и не можеше ништо да направи.

искрено, во вакви услови не може да се остави доволно простор. Мора да се остави повеќе простор – смета идниот возач на вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ