Албон не се чувствува целосно подготвен по сударот во Британија

Возачот на Вилијамс, Алекс Албон, сподели новости околу неговата состојба пред трката за Големага Награда на Австрија на Ред Бул Ринг.

Тој вели дека сè уште не се чувствува 100 проценти подготвено по несреќата на Британското Гран При што го остави во болница, но возачот на Вилијамс ќе се трка овој викенд. Британецот со тајландско потекло имаше силен судар во првиот круг од трката на Силверстон, во посебен инцидент од сударот што го одведе Жу Гуанју во оградата наопаку.

Сепак, и покрај тоа што Жу беше прогласен за способен од медицинските лица на патеката, Албон беше префрлен во болницата Ковентри Волсгрејв каде подлежеше на дополнителни проверки. Тој беше отпуштен од болница подоцна истата вечер и сега, како и Жу, е способен да се трка на Ред Бул Ринг овој викенд, иако сè уште не се чувствува 100 проценти здрав.

Имав болки во понеделникот, а потоа секој ден досега стануваше се подобро и подобро, па сигурен сум дека до утре ќе се вратиме на 100 проценти за петочните сесии. Малку е болно и сето тоа, но да, се е во ред – објасни алекс.

Откривајќи што се сеќава на несреќата, Албон рече:

Не многу да бидам искрен затоа што Се се случи многу брзо. Очигледно удрив во ѕидот и тогаш тоа беше нешто како реакција на флипер и јас само одев каде и да ме удираа болидите.

Тоа беше само една од тие работи. За среќа, Жу беше добро.Беше малку замаглено. За среќа, сите се во ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ